Официјалните резултати од минатонеделните избори во Руанда, покажуваат дека досегашниот претседател на земјата Пол Кагаме, повторно ги доби изборите, и тоа со освоени 98,8 отсто од гласовите.
Излезноста во земјата била 98,5 отсто од вкупното население.
Кагаме е претседател на Руанда од 2000 година.
Во 2015 година, беше изменет уставот на земјата со цел тој да може да продолжи со управувањето.
Лицата за заштита на човековите права и политичките опоненти го обвинуваат дека управува со „железна рака“, оти го потиснува различното мислење и безмилосно се противставува со критичарите.
Приврзаниците на Кагаме го поддржуваат поради постигнувањето на стабилен економски раст и воспоставувањето на мир и стабилност во земјата, по генецидот во 1994 година, во што беа убиени повеќе од 800.000 лица.