Вкупно 40 милиони лиценци за оперативниот систем Виндоуз 8 на американската софтверска компанија „Мајкрософт“ се продадени од лансирањето на овој нов систем пред месец и половина.
Податокот е интересен кога се има предвид дека во САД, според истражувачката компанија НПД, продажбата на персоналните комјутери е намалена за 13 отсто во однос на претходната година.
Експертите наведуваат дека пазарот се изменил од лансирањето на системите на „Мајкрософт“ – Виндоуз ХР, Виндоуз Виста или Виндоуз 7 и дека паметните мобилни телефони и таблет уредите негативно влијаеле врз продажбата на компјутерите.
Покрај тоа се укажува и дека драстичната промена на дизајнот на Виндоуз 8 ги одбива корисниците кои немаат желба да се навикнуваат на нов „универзум“.