Како опозиција најостро реагираме на начинот на кој претседателот на Собранието, Талат Џафери ги води седниците. Имајќи ја на памет одговорноста, Џафери и СДСМ свесно влегуваат во кршење на Избирачкиот законик со разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, рече пратеникот Илија Димовски.
Според него, со обидот за разрешување на Зврлевски како и со некои други работи, претседателот на Собранието Џафери и парламентарното мнозинство се обидуваат на секој можен начин да се разговара за се освен за Законот за јазици, населувањето на мигрантите во Македонија и штетниот договор со Бугарија.
Пратеникот Димовски, исто така изјави, дека претседателот Џафери за времето додека е на чело на Собранието има повикано повеќе обезбедување од сите претседатели до сега.
– Господинот Џафери, узурпирајќи ја претседателската фотелја има обврска да се грижи за Деловникот, но не може да одредува кој кога да земе збор, рече Димовски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека лична е одговорноста на Џафери што Зврлевски ќе биде разрешен, бидејќи со тоа ќе го прекрши Законот.
Во поглед на инцидентот кој се случи во пленарната сала, со што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа пред собраниската говорница, Димовски изјави дека со тоа не им била целта да ја блокираат седницата, туку само бараат да се почитуваат законите.
Виктор Јованов