Повеќе од двојно зголемен во однос на просекот за август е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР.
Зголемувања на нивоата има и на Вардар кај Зајчев Рид, како и на Струмица кај Сушево, додека нивото на Пчиња кај Катлановска Бања е исто со августовскиот просек.
Опаѓања се забележани на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Берово на Црна Река кај Новаци, на Црн Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.