Општина Гази Баба: Користење на лични судбини за политички поени

Од:

„Жално е што лични судбини на луѓето, СДСМ ги користат за политички поени и ги злоупотребуваат лицата со посебни потреби.

Општина Гази Баба во изминатите години континуирано му помага на семејството Петровски. Како жители на населбата Хиподром, општината помогна во изградба на летниковец за потребите на нивниот син и на семејството, кој по нивната преселба во населбата Ченто, истиот е дислоциран на новата локација во дворното место. Ова семејство во текот на изминатите години добило неколку пати еднократна парична помош од Комисијата за доделување на еднократна парична помош и пакети за празници од општината, а неколку пати општината Гази Баба во соработка со општина Дојран, им има овозможено бесплатно летување на детето и семејството.

Во однос на одржаната прес конференција на СДСМ од Гази Баба во која се користи семејството Петровски, кое има дете со посебни потреби, можеме да го кажеме следното:

Да не се замајува јавноста дека се работи за рушење на пристапна патека, која не е предмет на оваа инспекциска постапка, туку се работи за постапка по претходна пријава од граѓанин за доградба на просторија од куќата без соодветна документација.

Градежната инспекција постапила по претходна пријава од граѓанин, по што е констатирана категоризирана градба – доградба без соодветна документација, за што е донесено и Решение за отстранивање.

За истата оваа постапка, општината и инспекцијата се задолжени со Решение од страна на Државниот управен инспекторат од Министерството за информатичко општество и од Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво при

Министерството за транспорт и врски, во рок од 15 дена да постапат по Решението, бидејќи и до овие Институции е доставена истата преставка.

Општина Гази Баба постапува согласно Законските регулативи и прописи кои што важат подеднакво за сите граѓани“, се вели во реакцијата на Општина Гази Баба на прес конференцијата на СДСМ Гази Баба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски