Работниците од штипски „Исар“ ќе добиваат топол оброк

Од:

Вработените во штипското комунално претпријатие „Исар“, кои работат на терен од 15 август ќе добиваат топол оброк од претпријатието. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека овој новитет не претставува привилегија, туку должност на претпријатието и на општината кон работниците.

-На вработените од оперативата, сите оние работници кои што извршуваат физичка работа, и се со решение општи работници и извршители на оперативни работи во ЈП „Исар“, ќе добиваат по еден оброк храна. Тоа ќе биде топол оброк, кој ќе биде носен на лице место на работниците каде што ги извршуваат своите обврски,вели Бојаџиев.

Тој истакна дека вработените кои работат на санација на дефектите на водоводната и канализациона мрежа работат во услови и кога температурите се многу високи, но и многу ниски, а понекогаш работат и прекувремено.

-На овој чин се определивме кога заврши тендерската постапка за храна на работници, затоа што работат во услови и кога е температурата многу висока, работат и кога е многу студено, некогаш работат и повеќе од работното време, така што заслужуваат овие луѓе храна и ќе ја добијат од јавното претпријатие, плус нивниот личен доход, вели Бојаџиев.

Тој најави и зголемување на платите на работниците од општата оператива, согласно новата систематизација за 40 бодови.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“