Спасувачи на плажа од градот Фирт на струшката ривиера

Од:

Спасувачи на плажа од збратимениот германски град Фирт заедно со нивните колеги од општинската организација на Црвениот крст од Струга волонтираат на плажите на струшката ривиера на Охридското Езеро.

Станува збор за активности во рамки на долгогодишната соработка организациите на Црвениот крст на двата збратимени града.

Во текот на оваа седмица спасувачи од двете организации ќе волонтираат на плажите кај Струга и во аква-паркот на хотелот „Изгрев“. Во рамки на посетата на гостите од Германија ќе биде организирана и вежба за спасување за размена на искуства со учество на спасувачи на плажа од Фирт, Струга и Охрид.

Би можело да ве интересира

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ