Користењето на светли бои е еден од основните принципи и свето правило за уредување на ентериерот.
Светлите тонови визуелно ја зголемуваат просторијата и му даваат на амбиентот нота на елеганција. Поради тоа во сите препораки како да се декорира станот користејќи бела, беж и светли пастелни нијанси, вистински предизвик е да се направи нешто целосно спротивно – стан во кој доминираат темни бои.
Архитектонското студио за дизајн „ЈоДезин“ обмисли затемнет стан за да покаже дека и темните нијанси можат да изгледаат луксузно. Станот се наоѓа во еден од солитерите во Киев и има дневна и спална соба, кујна и тоалет.
Внатрешноста на станот наизглед е огромна. Илузијата на пространост е резултат на отворениот простор – ниту една просторија во станот не е физички одвоена од останатите.
Со ентериерот доминираат елементи од дрво и бетон, во црна, сива и кафена боја. Во спалната соба се наоѓа голем ѕид од црн камен, највпечатлив детал и фокусна точка во целиот стан.
Силниот контраст на стилски затемнетиот амбиент го даваат рефлективните декоративни елементи, кои дополнително визуелно го зголемуваат просторот. Од рефлективните детали се истакнуваат огромни прозори со поглед на панорама на градот. Наспроти нив стои невообичаен тоалет кој во целост е ограден со светликави стаклени ѕидови.