Шеснаесет години од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак

Од:

Со положување цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп денеска ќе се одбележат 16 години од загинувањето на 10 – те бранители на Карпалак во 2001 година.

Кај месноста Карпалак венци ќе положат собраниска делегација во состав Кети Смилевска и Жаклина Пешеска и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, предводена од државниот секретар, Драган Николиќ.

Собраниска делегација во состав Хари Локвенец и Весна Дамчевска Илиевска и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ќе положат венци пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме