Три лица убиени на плажа во Мексико

Од:

Тројца мажи се убиени, а две лица се тешко ранети, на една популарна плажа во северозападно Мексико, откако врз нив бил отворен оган од автоматско оружје, соопшти мексиканската полиција.

Сите тројца убиени се мажи, кои во моментот на нападот, се одмарале под густите палми, во Сан Хозе дел Кабо, во сојузната мексиканска држава Баја Калифорнија.

Во полициското соопштение се вели дека властите, засега, не го знаат идентитетот на жртвите, а непознат останува и мотивот зашто било пукано врз нив.

Двајцата ранети се маж и жена кои во време на инцидентот, се одморале на плажата.

Никој досега не е уапсен.

Властите потврдија дека пукањето на популарната градска плажа предизвикало паника меѓу гостите и туристите кои почнале да бегаат на сите страни, настојувајќи да најдат за себе сигурно засолниште.

Веќе подолго време, Мексико е зафатено со бран крваво насилство и бројни убиства, главно поради пресметката на разни криминални банди, најчесто врзани за шверцот на дрога.

Полицијата досега успева само да интервенира после ваквите убиства, или да присуствува при откривањето масовни гробници на жртвите на насилсвото и на бројни егзекуции.

Последно такво откритие е регистрирано во мексиканскиот планински реон Валпараисо, во северната држава Закатекас, каде се откриени искасапени тела на 14 лица- единаесет мажи и три жени.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори