Адвокатската компанија „Финкелстејн“ во Калифорнија покренала колективна тужба против социјалната мрежа за фотографии, Инстаграм.
Причина е дел од новите правила, со кој Инстаграм има право да ги комбинира содржините од корисниците со огласи, а притоа да не каже дека се работи за огласи. Во практика, тоа значи дека може да ги искористува фотографиите на корисниците за огласување.