Отворена „неутралната фан зона“ на плоштадот Македонија

Од:

Денес во 11.00 часот на плоштадот „Македонија“ официјално се отвори „неутралната фан зона“ во пресрет на УЕФА Супер Купот. Секој чекор кој е преземан има за цел да ги истакне емоциите кои следат пред големиот натпревар помеѓу најтрофејните европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Во „неутралната фан зона“ се организирани неколку активности кои имаат за цел да го доловат духот на Супер Купот. Може да се игра 1 на 1 фудбал, има посебна локација за шутирање на пенали и може да се игра фудбалски тенис. Поставена е и бина каде експерти од Франција во freestyle фудбал ги покажуваат и ќе ги одмерат своите способности со посетителите. За додатна анимација на секој обожавател на фудбалот ќе биде ангажирана и маскотата на Скопје Супер Куп.

Денес, ќе настапат Симона Попоска, DJ Mats, ContruDJ и DJ Branchez, додека на утре, на денот на натпреварот, за одлична забава ќе се погрижат Сара Мејс, DJ Dela, Brass Brothers и DJ Bobi.

„Неутралната фан зона“ на 7ми август и на 8ми август започнува со работа во 11.00 часот. Трофеите на УЕФА ќе бидат во зоната до 8ми август до 16.00 часот.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух