Најмалку 11 лица загинаа, а 18 други се ранети, при напад врз црква во местото Анамбри во југоисточниот дел на Нигерија.
Полицијата соопшти дека напаѓачите најверојатно сакале да убијат еден локалан жител, кој во тој момент воопшто не се наоѓал во црквата.
– Напаѓачите дошле мислејќи дека нивната цел е во црквата, но по некоја случајност тој не бил таму, изјави шефот на локалната полиција Гарба Умар.
Според него, овој напад најверојатно е поврзан со шврец на наркотици.