Уште пет кривични пријави поднесени за „Керозин“

Од:

Министерството за внатрешни работи во содејство со Управата за јавни приходи во рамки на операцијата „Керозин“  продолжи со преземање на мерки и активности заради обезбедување на дополнителни докази за извршени кривични дела, што резултира со поднесување на пет кривични пријави против вкупно 16 физички и пет правни лица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Како резултат на дополнителните активности обезбедени се докази за инволвираност на десет нови лица – членови на криминалната група, како и дополнителни докази за шест лица опфатени со претходната кривична пријава од 15.11.2012 за извршени  кривични дела „давање поткуп“, „примање поткуп“, „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување на исправа“, „перење на пари и други приноси од казниво дело“ и „даночно затајување“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он