Чистење канали во Гази Баба

Од:

Јавното претпријатие Водостопанство „Скопско Поле” изминатиот период вршеше машинско и рачно расчистување на каналите во општина Гази Баба во должина од 8750 метри.

Како што соопшти Општината, во Економија е расчистен каналот во должина од 300 метри, кај местото викано Шамак-главниот канал (Горна зона) каналот во должина од 1.850 метри и во Инџиково дел од каналот со должина од 2.200 метри.

Се вршеше и машинско чистење на Идризовскиот канал во должина
од 370 метри, а во моментот се работи на расчистување на Инџиковскиот канал, долен дел и каналот кај Дрма.

Со овие активности се намалува можноста од излевање на атмосферските води и поплавување на земјоделското земјиште при поголеми врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга