А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го прифати нивниот предлог за ваучери за компјутери за студенти

by А1он04/08/2017 - 15:27226
Share0

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата предводена од СДСМ од доаѓањето не донела ниту една мерка во корист на студентите и не остварила ни едно од многуте ветувања. Затоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучиле да поднесат предлог-закон за вредносни бонови – ваучери за компјутери со цел да им се подобри животот на студентите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Предлагаат ваучерите да бидат за редовни студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, односно 45.344 денари нето приход и кои првпат се запишани во трета и четврта година на студии на високообразовните установи во Република Македонија. Со предлогот на опозициската партија ваучери се предвидуваат и за студенти кои се лица со посебни потреби и студираат во Македонија.

Оливер Пап од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје го повика СДСМ да го прифати нивниот предлог.

– Време е владата на СДС да почне да се грижи за студентите, бидејќи за овој период видовме само кратење на буџети за изградба и модернизирање на студентските домови, за опремување на лабораториите кои се неопходни за усовршување на надоградување на нашето знаење, бидејќи ние сме иднината на оваа земја. Доколку СДС се грижи за потребите на студентите, апелираме да го прифатат овој предлог закон на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Оливер Пап.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmnestudenti

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Горан Наумовски05/11/2026 - 20:41

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Горан Наумовски28/10/2026 - 12:48

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео