„Алпина Б7 Битурбо“, кој е најголем модел од семејството на Бе-Ем-Ве, го покренува мотор со 608 коњски сили, што е доволно оваа ултра луксузната лимузина чија вкупна должина е 5,25 метри, да развива 330 километри на час.
Најсилната „Седумка” на „Алпина“ ја покренува 4,4-литарски В8 битурбо мотор во кој со последните подобрувања се „сместени” 608 коњски сили, а вредноста на најголемиот вртлив момент сега изнесува 800 њутн метри.
За пренос на моќноста на двете осовини има ЗФ 8-степен автоматски менувач, а наведените бројки се доволни за огромниот Б7, чија маса изнесува 2.110 килограми, од 0 до 100 килоемтри на час да стигне за само 3,7 секунди.
Со оглед на тоа дека Бе-Ем-Ве и натаму нема намера да прави М7, извонредната „Алпина Б7“ останува единствена опција со која љубителите на баварските автомобили рамноправно можат да се спротивстават на сличните модели кои ги нудат во АМГ, „Ауди“ и „Порше“.
Цената на луксузната лимузина со поголемо меѓуосовинско растојание е 136.583 евра.