Одобрени нови 10 милиони евра директна помош за земјоделците

Од:

На 19-тата седница синоќа Владата даде согласност за распишување за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до три и над 3 хектари. На седницата се донесени измени на Предлог-програмата за финансиска поддршка во земјоделството како и Програмата за рурален развој со кои се издвоија нови 10 милиони евра директна поддршка за земјоделците.

Како што информира владината прес-служба, пред министрите беше и информацијата за очекувано производство и откуп на пченица и јачмен. Донесени се заклучоци со кои се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да изработи предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година и предлог Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за директни плаќања во земјоделството за 2017.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение од Владата да изработи предлог за изменување и дополнување на Законот за квалитет на земјоделски производи во делот на одредбите кои го уредуваат пазарот на брашно, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници