Протест: Во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид

Од:

„На 4 август 2017 година (петок) во 12 часот пред градилиштето на спорниот хотел во населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за скандалозната Медитеранска плажа, група револтирани граѓани ќе го „чествуваат“ Илинден со „пригоден“ протест за одбрана на Лагадин и охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација.

И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот хотел, протестот има за цел да го сврти вниманието на институциите и на јавноста кон сите обиди за уништување на крајбрежјето, езерото и Националниот парк Галичица, кои најчесто се прават под превезот на развој и унапредување на туризмот.

Ги повикуваме сите оние кои не се согласуваат со урбаното, еколошко, звучно и секакво друго насилие врз охридскиот регион, да дојдат и заедно со нас, преку еден симболичен чин, гласно да ги повикаат добрите духови на езерото и планината, во одбрана на автентичното природно, културно и амбиентално богатство на Охрид и крајбрежјето!

Во деновите кога се слави можеби најважниот ден за Македонија, како организатори на овој настан сакаме да потсетиме на можеби најважното и највредното обележје на земјата, еден од нејзините најзначајни заштитни знаци, единственото место со УНЕСКО статус, нашето сè.

Преку овој протест, бараме неотповикливо поништување на дозволата за изградба на спорниот хотел и негово уривање, повлекување на плановите за Медитеранска плажа, да се заборави еднаш и засекогаш лудата идеја за хотелски ресорти во Градиште и Љубаништа и експресен пат на Галичица.

Бараме прогласување на мораториум на градењето на објекти од цврста градба долж крајбрежјето, до целосното преиспитување на досегашната стратегија заснована на идејата за негова хиперурбанизација и хиперурбанизиран масовен туризам и донесувањето на нова стратегија за одржлив развој.

Оваа стратегија ќе овозможи трајна заштита на пејзажните и амбиентални вредности на охридскиот регион, во прв ред преку оневозможување на неговото натамошно затрупување со нови објекти од цврста градба и отстранување на започнатите, веќе оспорени градби, а потоа и преку развивање на концептите за развој на алтернативниот туризам и еколошки заснован јавен транспорт со цел трајна заштита на охридскиот регион.

Охрид SOS дава целосна поддршка на ваквото самоогранизирање на граѓаните и ги повикува сите кои се во можност да се придружат.

Богатството кое го имаме нема да се чува само, таа должност е наша и ние не смееме да бегаме од неа“, се вели во соопштението на група граѓани од Охрид.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија