Обвинение за насилникот кој ја влечеше Шеќеринска за коса

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе обвинение против лицето што ја нападна Радмила Шекеринска за врме на настаните во Собранието на 27 април годинава.

– Лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда, соопшти ОЈО.

Обвинителството посочува дека во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017 година, спроведе истражна постапка за сторено кривично дело – Насилство, за што е предвидена казна затвор во траење од 3 до 10 години. По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен Обвинителен акт против осомничениот.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието