Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала предизвика прекин во снабдувањето со електирчна енергија во градот Едмонд во американската сојузна држава Оклохома.
Епицентарот на земјотресот бил на околу шест километри од градот Едмонд, на околу 25 километри североисточно од градот Оклахома Сити.
Поради земјотресот околу 1.900 лица останале без електрична енергија, но подоцна било поправена електричната мрежа.
Земјотресот не предизвикал серизни материјални штети.
Во реонот на Едмонд за 24 часа биле регистрирани уште пет секундарни земјотреси.