Автомобилот „Доџ Челинџер“, кој бил користен во текот на снимањето на филмот „Death Proof” на Квентин Тарантино, се појави на продажба преку иБеј.
Филмот на Тарантино, кој во кината се појави во 2007 година, говори за група пријатели кои ги брка каскадерот Мајк (Курт Расел).
Автомобилот е во возна состојба, но „забот на времето” го направил своето. Филмската продукција го продала пред десет години, а сегашниот сопственик го купил минатата година.
Внатрешноста е малку поинаква во однос на стандардната поради потребите за снимањето, но автомобилот се уште го покренува оригиналниот мотор „383 Магнум“. „Челинџерот“ минал 62.708 километри и поседува автоматски менувач.
Сопственикот го продава на аукција, која завршува в понеделник.