Почна собраниската расправа за Буџетот

Од:

Намалување на непродуктивните трошоци и обезбедување простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија, е основната цел на ребалансот на Буџетот, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски пред пратениците.

Образложувајќи ја потребата од прекројување на државната каса, Тевдовски напомена дека ребалансот е прва можност новата Влада да почне да ги вградува своите верувања и вредности во Буџетот.

Првите ограничувања, потенцира, ќе бидат во делот на неподмирените долгови, кои заклучно со 31 мај 2017 година изнесуваат 22,4 милијарди денари или 364 милиони евра.

– Обврските на буџетските корисници и фондови, заедно со локалните установи, финансирани преку блок дотации изнесуваат шест милијарди денари. Долговите се најголеми во културата, дури 2,4 милијарди денари, а се должат пред се на неплатените обврски за концертната сала на Филхармонијата која беше помпезно отворена, Драмскиот театар, објектот „Мајка Тереза“ и театарот во Велес, посочи Тевдовски.

Сериозно високи се, додаде, и обврските на локалните образовни установи, министерствата за здравство, внатрешни работи и образование.

Второ ограничување се веќе склучените договори за тековни или идни проекти кои ако се раскинат, укажа, државата ќе треба да плаќа пенали.

– Затоа, единствена здрава опција за ребалансот беше намалување на непродуктивните трошења кои се во рацете на власта – службени патувања, репрезентации, економски промоции и рекламирање, потенцира Тевдовски.

Тој го подели излагањето во пет делови. Прво ја претстави основната цел на ребалансот, објасни зошто е потребен и што треба да постигне, а потоа се осврна на макроекономските движења и проекции, даде приказ на остварувањето на буџетските проекции во првата половина на годината, ги изложи поважните предлози за измени и дополнувања на Буџетот, како и потребата за финансирање на буџетскиот дефицит и долгот.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот може да трае најмногу пет дена.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови