Уапсени двајца видни венецуелски опозиционери

Од:

Агенти на венецуелската служба за разузнавање рано утринава ги уапсија Леополдо Лопес и Антонио Ледесма, двајца видни опозиционери, кои досега беа во домашен притвор, јавија нивните семејства, цитирани од француските медиуми.

„Тукушто го одведоа Леополдо од нашиот дом. Не знаеме каде се наоѓа, нити каде го одведоа“, на Твитер напиша неговата сопруга Лилиан Тинтори.

Децата на Ледесма, Виктор и Ванеса, исто така, изјавија дека службите го одвеле нивниот татко.

Во текот на последните денови двајцата опозиционери ги повикуваа своите сограѓани да се вклучат во протестите против претседателот Николас Мадуро, кој ги свика изборите за Уставотворно собрание, кое ќе треба да го смени Уставот и да ја зацврсти неговата власт.

Лопес беше ставен во домашен притвор во јули, откако три години мина во затвор заради неговата улога во антивладините улични протести од 2014 година.

Ледесма, кој од 2015 година е во домашен притвор, исто така лежеше во затвор под обвинение дека бил на чело на заговор за соброување на претседателот.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски