Првиот генетски модифициран ембрион

Од:

Првпат во историјата американските научници успеаја да ја променат ДНК-та на човечкиот ембрион во обид да ги поправат гените кои носат наследни болести.

Истражувачите од Универзитетот во Портланд успеаја да модифицираат неколку ембриони користејќи тешка техника CRISPR. Тимот го предовел американскиот биолог Шукрат Маталипов, кој успеал безбедно да вбризга хемикалија задолжена за поправка на „погрешни гени” веднаш по зачетокот на ембрионот.

Иако ембрионите неколку дена не можат да се развиваат, за тоа време истражувачите успешно докажале дека можат превентивно да делуваат на наследните болести.

Се до сега Кина беше единствена земја која успеа да направи такво нешто. Сепак, тие успеаја да поправат само мал број на клетки, па само делумно успеаја во оваа замисла.

Како што пишува MIT Technology Review, овој потфат значи дека САД се чекор поблиску до создавање на првите генетски модифицирани човечки суштества на планетата.

„Ова е најдобар доказ дека такво нешто е можно. Не верувам дека ќе почнуваме со клинички испитувања, но секако е чекор пред сите” – рече еден од истражувачите.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска