(ВИДЕО) Црвенковски: Oд денеска Македонија го доби својот Милошевиќ

Од:

„Ние веќе немаме пратеници во Парламентот. Пратениците од опозицијата веќе нема да учествуваат во работа на Собранието на Република Македонија“, најави пред народот лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Тој ги повика приврзаниците на опозицијата и граѓаните на граѓанска непослушност. Рече дека на Македонија ќе и случи „општонародно востание“ и „5-ти октомври“ како во Србија.

„Главата горе. Овој ден ќе се памети и како трагичен и како голем. Од денес во Македонија нема Устав, нема демократија, нема парламент, нема влада. Има диктаторски режим од една страна и народот од друга. Тие таму 7 дена го делеа народот и го караа меѓу себе. Денес Груевски го направи пресудниот чекор. Од денес Груевски реши, а Македонија го доби својот Слободан Милошевиќ. Беа тепани новинари, пратеници, народ. Денес го нахушкаа народот да предизвикаат судир и крвопролевање. По теркот на сатрапот од Србија, Груевски денеска предизвика револт и го подели и тепаше сопствениот народ. Е па Груевски, ако сакаш ќе си го добиеш својот 5.октомври Дури дишам, дури мрдам, од оваа битка не се повлекувам.Битката ќе ја добиеме. Ние ја создававме државата ние пак ќе ја ослободиме“, рече Црвенковски.

Лидерите на опозицијата, Црвенковски, Жерновски, Ангелов , жени, мажи, сите беа денеска со својот народ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година