Кандидатот за уставотворно собрание во Венецуела, правникот Хозе Феликс Пинеда, е убиен синоќа во неговиот дом во градот Сјудад Боливар пред денешните избори, соопшти на Твитер Главното обвинителство, јави ТАСС.
Група вооружени мажи упаднале во домот на кандидатот и го застрелале неколку пати, посочува Обвинителството, кое веднаш наредило истрага.
Во Венецуела денеска се спроведуваат избори за 545-локално уставотворно собрание со учество на над 6.000 кандидати.
Пинеда имаше 39 години и работел како адвокат.