Познатиот холандски дизајнер Каспер Шолс изгради динамична куќа наменета како хоби простор за неговата мајка.
Куќата „Гарден Хаус“ е сместена во градината на родителската куќа на дизајнерот и е изградена од дрво од елка, со што на прв поглед делува како типична шупа во градина.
Меѓутоа, архитектот ги раздвоил внатрешните греди и стаклената конструкција од надворешните дрвени ѕидови и металниот покрив, поставувајќи им лизгачи.
Ѕидните делови во средина можат да бидат собрани внатре и надвор за да креираат различен распоред на ентериерот.
Оваа куќа на склопување има кревет од мезазин и мал црн камин на дрва во самиот центар на ентериерот. При лошо време, ѕидовите можат да бидат затвотени за да се создаде топло и удобно гнездо со надворешни тераси од двете страни.
Вратите на источната и западната страна на куќата можат да бидат отворени за да креираат совршена природна вентилација. По лошото време стаклените конструкции можат да се одвојат и со тоа се создава надворешен животен простор во самиот центар, во кој креветот, каминот и мебелот остануваат на отворено.