Во Велес синоќа пристигнаа учесниците на 39. Илинденски марш

Од:

Во центарот на Велес кај кружниот тек на споменикот на Коњаникот посветен на велешките војводи Илинденци, синоќа на коњи и со знамиња во рацете пристигнаа учесниците на 39- от Илинденски марш.

Заедно со претставници на Општина Велес тие најпрво положија цвеќе на споменикот на Коњаникот и се поклонија на велешките војводи Илинденци: Јован Наумов – Алабакот, Александар Димов -Докурчев и Тодор Христов – Офицерчето и воедно на сите учесници во Илинденското востание.

На учесниците во Илинденскиот марш добредојде им посака Петре Саздов претставникот на градоначалникот и на Општина Велес кој на учесниците им го предаде и знамето на Општина Велес и им порача на 2 август да го развиорот на Мечкин Камен кај Крушево.

– Гледајќи ве вака посветени и со голем ентузијазам како сето ова го правите, не може човек, а да не констатира дека за кратко време успеавте да ја оживеете историјата. Во 1903 година нашите војводи од Велес со своите чети беа меѓу првите кои отидоа во Крушево и беа меѓу првите учесници кои го започнаа Илинденското востание и учествуваа во ослободувањето на Крушево и формирањето на Крушевската Република, рече Саздов.

Благодарност до градоначалникот,Општина Велес и граѓаните на Велес за топлото добредојде им заблагодари Панде Стефановски од организациониот одбор.

– Задоволни сме од пречекот на граѓаните на Велес. Тргнавме од Лисиче, Скопско, а досега поминавме во Катланово, кај велешкото езеро „Младост“ и сега стигнавме во Велес. Утре продолжуваме за Теово, Богомила а потоа и кон Ропотово, Кривогаштани се’ до Крушево. Воедно ќе ни се приклучи и Коњаница со 12 учесници од Маврово-Крива Река и 15 учесници на Коњаница од Кичево-Демир Хисар, информира Стефановски.

Програмата на пречекот на Илинденскиот марш во Велес беше збогатена со сплет на македонски ора и песни кои ги изведе Фолклорниот ансамбл „Керамичар“ од Велес.

Учесниците на 39 – от Илинденски марш синоќа со коњите се сместија во Градскиот парк во Велес каде преноќија,а утрово го продолжија Илинденскиот марш по патот кон селото Теово.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ