Тркачкиот „масерати 300С“ од 1956 година, што го возел легендарниот Хуан Мануел Фанџо, ќе биде еден од најиинтересните експонати на аукцијата на класични автомобили во американскиот Пебл Бич.
Светот има видено мал број возачи на авто-трки од калибарот на еден Фанџо. Аргентинецот во својата кариера освои пет титули шампион на „Формула 1“, а триумфирал на вкупно 24 „Гранд при“ трки, од кои двапати со овој „Масерати“.
Возејќи го моделот „300С“, Фанџо првпат поминал низ целта на трките за Големата награда на Португалија и Големата награда на Бразил.
„Масерати 300 С“ од 1956 година е темелен на легендарниот модел „250 Ф“, а го придвижувал 3.0-литарски мотор со шест цилиндри.
Во конструкцијата во добра мера бил користен алуминум, што многу го олеснил автомобилот, и го напрвил конкурентен на најдобрите тркачи модели од тоа време, како што биле „ Ферари 250 ТР“ и „Јагуар Д-Tејп“.
Познатиот британски возач, Стирлинг Мос, во една прилика има изјавено дека „300С“ му е еден од омилените тркачки модели, објаснувајќи дека станува збор за автомобил што е „еден од најлесните за возење и најдобро избалансирани спортско-тркачки автомобили во светот“.
И Moс има победувано во овој модел , во Аргентина и на Нирбургринг.
Репутацијата на „Масерати 300С“, но и името на Фанџо кое се поврзува со историјата на овој примерок, се гаранција дека автомобилот на аукцијата, што ќе се одржи во август, ќе привлече голем број колекционери и ќе достигне висока цена.