Експертска група бара решение кој однадвор да ја контролира работата на МВР

Од:

Во насока на реализација на обврските утврдени во Планот на Владата „План 3-6-9“, државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска во Министерството за внатрешни работи одржа работна средба со членовите на работната група формирана во рамки на Проектот на Совет на Европа „Јакнење на почитување на човековите права при полициското постапување“. На состанокот присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски и заменик на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сиљан Аврамовски.

Работната група во која членуваат претставници од МВР, Министерството за правда, Јавното обвинителство на Република Македонија, Народниот правобранител , судија на Врховниот суд,  претставници од експертската и научната јавност, како и од граѓанскиот сектор, со техничка подршка на Советот на Европа, во изминатиот период ги разгледуваше модалитетите за воспоставување на надворешниот механизам за контрола на работата на полицијата, како дополнителен механизам на постоечкиот механизам за внатрешна контрола. Потребата од воспоставување на независни, ефикасни и навремени механизми за контрола на работата на полицијата е констатирана во мноштво документи и извештаи, како од Европскиот суд за човекови права,Советот на Европа, Европската Комисија, меѓународните организации и националните невладини организации за заштита на човековите права.

На состанокот Несторовска го презентираше  единствениот и усогласен став на Министерството во однос на предложениот модел за воспоставување на надворешен механизам за контрола врз работата на полицијата, предложен од страна на работната група формирана во рамки на Проектот на Советот на Европа. Во конструктивна дискусија на согледување на позитивните и негативните аспекти на предложениот модел утврдени  се заедничките позиции  во однос на моделот за воспоставување на надворешниот механизам за контрола на работата на вработените во МВР со полициски овластувања и затворската полиција, со посебен акцент на потребата да се утврдат одговорностите на сите инволвирани субјекти во процесот на воспоставување на надворешниот механизам. МВР ја презема обврската да ја информира Владата за изборот на моделот на надворешниот механизам усогласен со  експертската група и дефинираната законска рамка за негово етаблирање, соопшти министерството.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он