Во Украина формирана новата Влада

Од:

Во Украина е формирана нова Влада на чело со Микола Азаров. Претседателот Виктор Јанукович назначи во Кабинетот нови министри, меѓу кои министер за надворешни работи ќе биде Леонид Кожара, а министер за одбрана Павло Лебедев.

Повеќето министри ќе ги задржат функциите. Јуриј Колобов ќе остане министер за финансии, а ќе се формира ново Министерстство за приходи и даноци, на чие чело ќе биде Олександр Клименко, поранешен шеф на даночната служба.

Досегашниот шеф на Централната банка Сергеј Абрузов станува прв вицепремиер.

На 13 декември украинскиот Парламент одново го избра Микола Азаров за премиер, откако владејачката Партија на регионите и нејзините сојузници собраа мнозинство во законодавниот орган. Азаров беше премиер, откако Јанукович стана претседател во 2010 година. Неговиот претходен Кабинет формално поднесе оставка на 3 декември по  парламентарните избори во земјата.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски