Кои се сообраќајните „црни точки“ во Македонија?

Од:

Одредени делници од патната мрежа во Македонија веќе подолг временски период претставуваат потенцијално опасни места за животот на учесниците во сообраќајот. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите кои се „црните точки“ каде најчесто се случуваат сообраќајни незгоди и каде најмногу треба да се внимава.

Во категоријата потенцијално опасни „црни точки“, се издвојуваат следниве делници:

-Клучката кај Хиподром, клучката Илинден, потегот од наплатната станица Петровец до клучката Кадино, мостот кај Катланово, делницата Демир Капија-Удово, потоа делницата Штип-Радовиш (место викано „8-ми километар“ и место викано „Пилафтепе“).

-Во правец од Скопје кон Охрид, како посебно опасни места се издвојуваат патниот правец Желино-Тетово, потегот од наплатната станица Тетово Југ до наплатната станица Гостивар, кај село Зајас (Гостивар-Кичево), село Мешеишта, (Кичево-Охрид), мостот на реката Сатеска село Ботун (Кичево-Охрид), клучката за влез во Охрид кај село Подмоље на делницата Охрид-Струга.

-На патот Охрид-Свети Наум најопасни се деловите кај Свети Стефан, односно кај хотел „Гранит“, раскрсницата на влезот кон комплексот „Инекс Горица“, населбата Рача и селото Пештани.

Како посебно опасни места, се издвојуваат и:

-Регионалниот пат Кичево–Демир Хисар (местата Чакор,Прибилечки Кривини, Зли Дол).
-На регионалниот пат Дебар-Струга, најкритично е кај село Велешта и кај село Враништа.
-На регионалниот пат Прилеп-Крушево местото Смилевски Трла.

РСБСП апелира на внимателно и одговорно учество во сообраќајот на сите патни правци со посебен акцент на наведените „опасни места“.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска