Во првата половина од 2017 година групацијата „Фолксваген“ низ светот испорачала 5.115.900 возила, со што за 0,8 отсто ја надмина ланската продажбата во истиот период и со тоа стана најсериозен кандидат за титулата најголем производител на автомобили во светот.
Најважен светски пазар за оваа групација и натаму е Европа, каде во периодот јануари-јуни се пласирани 2.271.800 автомобили, со раст на годишно ниво од 3,5 отсто. Вториот регион, што на германскиот авто-гигант му носи знајачителни приходи од продажбата. е азиско-пацифичкиот, каде во првите шест месеци се испорачани 1.986.200 возила, од кои дури 1.862.000 стигнаа во рацете на кинеските купувачи.
Во првата половина од 2017 година „Фолксваген“ добро котираше и во Северна Америка, каде е забележан раст од 3,9 отсто на годишно ниво, додека само во САД растот е 7,2 отсто (испорачани се 293.400 автомобили).
Процентуално најголемо зголемување на продажбата е забележано во Јужна Америка, каде се пласирани 248.300 (+11,4 отсто).
Од сите автомобилски марки што работат под покровителство на групацијата „Фолксваген“, најмногу возила за првите шест месеци продаде матичниот бренд „Фолксваген“, дури 2.935.100, со раст од 0,3 отсто . Потоа следат „Ауди“ (909.000), „Шкода“ (585.000), „Сеат“ (246.500) и „Порше“ (126.500).
Останува да се види дали групацијата и во втората половина од 2017 година ќе забележи раст на испораките и на тој начин ќе дојде до новиот историски продажен рекорд.
За титулата најголем светски производител на автомобили, на групацијата „Фолксваген“, освен јапонска „Тојота“, годинава ќе и конкурира и „Рено-Нисан“, групацијата што во првите четири месеци го зазеде третото место на листата.