Франција ова лето ќе постави контролни пунктови за барателите на азил во Либија, најави францускиот претседател Емануел Макрон.
– Наша идеја е да извршиме проверка и да ја избегнеме ситуацијата луѓето да се впуштат во опасен ризик за патување преку Средоземно Море, а немаат право на азил. Ние ќе одиме кон нив, истакна Макрон за време на посетата на мигрантскиот центар во Франција.
Изјавата на Макрон доаѓа само два дена откако двете фракции во Либија, со негово посредство, договорија прекин на огнот.
Голем број мигранти патуваат со гумени чамци преку Средоземно Море со цел да пристигнат на европска територија, а повеќето од нив притоа го губат својот живот. Само оваа година загинаа 2.300 луѓе.