Американската технолошка компанија „Адоуб“ има намера до 2020. да ја укине својата платформа за графика „Флеш“, која веќе ја истиснуваат програми како ХТМЛ-5, Веб-ГЛ и Веб-Aсамбли.
Оваа одлука е донесена по консултација со некои од технолошките партнери на „Адоуб“ – „Епл“, „Фејсбук“, „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Moзилa“.
Ова се случува во време кога пребарувачите како што се „Хром“, „Мајкрософт Еџ“, „Сафари“ почнаа да го блокираат „Флеш“ и рекламите базирани на платформата.