Притвор за лицето што пукаше на свадба во Липково

Од:

Судот му определи триесетдневен притвор на лицето кое завчера пукаше на семејна веселба во Липково, откако Обвинителството од Куманово доставило предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерката притвор, соопштија денеска од обвинителството.

Во соопштението се наведува дека осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „СМИТ И ВЕСОН“ и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х., државјанин на Република Германија.

Основното јавно обвинителство Куманово донело наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела и тоа убиство од член 123 став 1 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

– Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Куманово достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од страна на судот, кој со решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од триесет дена, се наведува во соопштението од обвинителството.

Би можело да ве интересира

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија