ДС: Апсурдноста на судската логика за притвор

Од:

„Демократскиот сојуз укажува на апсурдноста на логиката на судовите, извршувањето на одлуките за притвор да ги одлага по поднесена жалба.

Како е можно мерки на претпазливост или одлука за притвор, заради обезбедување присуство на обвинет, посебно при постоење услови за бегство или влијание врз сведоци, да се одлага извршувањето доколку има жалба.

Кога има забрана за напуштање на државата или одлука за притвор,тие одлуки стапуваат во сила веднаш и се спроведуваат без одлагање, а доколку по жалба повисокиот суд одлучи поинаку,тогаш се постапува по одлуката на тој суд.

Сега со двајцата обвинети припадници на МВР, кои се во бегство, се покажа дека судството е не кредибилно и не е во функција на борба против криминалот, туку инструмент на партиските елити и центрите на моќ.

Очекуваме одговорност од сите кои “кумуваат” на овие политичко -судски ујдурми“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски