Намален број на стомачни заболувања во Кривa Паланка и Ранковце

Од:

Најчестите заразни заболувања кои се јавуваат во летниот период, ентероколити, бележат тренд опаѓање на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, информираат од Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје, Крива Паланка.

Во двете општини од почетокот на летото се регистрирани вкупно тринаесет случаи од ова заразно ваболување.

-Ентероколитите како заразно заболување е најчесто во летниот период, а периодов за среќа нема регистрирано поголем број заболени. Од вкупно 13 случаи со стомачни заболувања во јуни и јули, само еден случај е од Ранковце, додека 12 се од Крива Паланка, сите од различни возрасни групи. Најголем процент се ученици, но има и по некој случај кај пензионери. Што се однесува до полот, заболувањето е потврдено кај осум лица од машки и пет од женски пол, изјави доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка.

Во однос на лекувањето, нема хоспитализирано ниту едно лице, а сите по медицински третман и препишана терапија биле пуштени на домашно лекување.

– Споредено со истиот период минатата година, бројот на цревни и стомачни заболувања е намален за 38 отсто. Во 2016 година во месеците јуни и јули, во двете општини биле регистрирани 21 случај на лица со енероколити, додаде Крстевска.

Рече, следењето на состојбата со цревни заболувања периодов продолжува, со оглед на тоа што сезоната се уште трае.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори