Европско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство во Прилеп

Од:

На спортскиот аеродром во Прилеп денеска започна Европскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство, на кој учествуваат околу 80-тина натпреварувачи од 19 држави. Во Прилеп овие денови е собрана светската елита на овој спорт. Натпреварувачите велат дека прилепскиот аеродром е еден од најдобрите терени за развојот на овој спорт на Балканот.

„Оваа година одржуваме 4 воздухопловни манифестации тука. Денеска започна најважната од нив, а тоа е европскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство и тоа во најтешките можни дисциплини кои се организираат, модели за слободен лет. Имаме присуство на натпреварувачи од 19 држави, тука е врвот на Европа од овој спорт. Имавме денеска исклучиво интересен ден, со многу постигнувања на максимални резултати и веќе конечно во завршниот дел од полуфиналето се пласираа 7 натпреварувачи. За утре се закажани финалните летови. На ова првенство покажано е максимално присуство на наука, нови технологии, електроника, многу високи психо-физички карактеристики на спортистите кои што учествуваат тука и кои укажуваат на тоа дека во овој спорт секоја година се покажуваат се поголеми врвни резултати“, вели Здравко Тодороски, организатор на шампионатот.

Учесниците се натпреваруваат во 3 категории. „Имаме три категории на летала тука, едните се слободно летачки модели, едрилици, кои се влечат со конец, другата класа се модели со погон на гума, а третата се оние со мотор на гориво. Тука се присутни држави кои се лидери во овој спорт, како што се Русија, Украина, Израел, Полска, Романија и други. Ова е најсилен шампионат во Европа кој се организира за оваа сеозна во 2017 година. Овој терен е еден од најдобрите терени кои ги имам видено, се е чисто, нема никакви препреки, а тоа е многу значајно за праќањето и за враќањето на моделите“, истакна Јоже Чуден, селектор на шампионатот од Словенија.

Овие натпревари во воздухопловно моделарство секоја година се максимално поддржани од локалната самоуправа на Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески.

„Овие денови се одвива европското првенство во воздухопловно моделарство кое што секогаш се организира од страна на нашиот клуб на овој терен кој е еден од најубавите на Балканот. Мислам дека има квалитетни модели кои ќе ги презентираат натпреварувачите, ќе победат најдобрите, а љубителите на овој спорт деновиве ќе имаат можност да присуствуваат на еден доста возбудлив настан“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп. Натпреварите ќе траат до петок.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски