Демократскиот сојуз оценува дека постигнатиот договор за добрососедски односи со Бугарија е одраз на взаемен компромис и ги отвора перспективите на Македонија за полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во Европската Унија.
„Политиката на создавање проблеми со соседните држави и состојба на ‘статус кво’, Македонија ја оддалечи од европските стандарди и перспективи, а крајниот резултат беше авторитарно владеење, економска стагнација, грабеж и иселување на најдобрите кадри во странство“, велат од ДС.
Договорот, според нив, е резултат и на политичка зрелост, лидерство и храброст, како и преземање на одговорност за иднината на државата.
„Со овој договор се креираат услови за развивање на добри односи помеѓу народите на двете држави, меѓусебно почитување и економска соработка“, велат од партијата.