ВМРО-ДПМНЕ: Се крати од образование, здравство, култура, а се набавуваат морски плодови, октоподи, свежа риба

Од:

„СДС и Заев кратат средства за образование, за здравство, за култура, за инфраструктура, а од друга страна преку СОЗР Владата набавува морски плодови, октоподи, свежа риба. Оваа буржуаска влада на СДС без луксуз не може да го замисли своето функционирање.

Завчера од страната на Бирото за јавни набавки беа објавени резултатите од три јавни набавки, и тоа за морски плодови, замрзната и свежа риба и октоподи, набавува Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Хедонизмот на новата влада излезе на виделина, очигледно дека Зоран Заев, Радмила Шекеринска и СДС не планираат да се откажат од своите џет-сет навики и луксузен стил на живот, за кое на крај сметката ќе ја платат граѓаните на Република Македонија.

Наместо најавените повисоки плати и просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, плата за докторите од 100.000 денари и подобар живот за сите граѓани, владата си обезбеди подобар живот за себе и тоа со егзотично мени.

Паднаа во вода лажната скромност на владата и Зоран Заев, па решија да јадат октоподи, морски плодови и свежа риба на државен трошок. Иако најавија кратења за непродуктивни трошења и луксузирања како што СДС милува да ги нарече, скратија во делот на капиталните проекти и инфраструктурни проекти, скратија за изградба на градинки, за изградба на нови училишта, спортски сали секаде каде што не треба скратија, но не скратија од нивното богато мени.

Граѓаните од Заев и СДС очекуваат,што побрзо да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа,па така наместо да се гоштеваат со обилна морска храна,треба да ги довршат започнатите автопати, да ги довршат започнатите регионални и експресни патишта и да овозможат подобар стандард на граѓаните со мерките кои ги ветуваа во предизборието, но за жал гледаме дека повторно во стилот на СДС од сето тоа ќе останат само празни ветувања и лаги“, изјави Ѓорѓи Крстевски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош