На крводарителска акција што се одржа денеска во Крива Паланка собрани се 34 единици крв.
– Акцијата се реализираше во координација со општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка, во соработка со Институт за трансфузиона медицина, Скопје. Ова е втора акција месецов, тринаесетта на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во 2017 година. Заклучно со денешната акција во двете општини досега се собрани 568 крвни единици, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.
Годишниот план за крводарувања на ОО Црвен крст-Крива Паланка, со кој се проектирани 711 крвни единици, е реализиран над 80 отсто.
– Денес тројца кривопаланечки дарители на покана на Републичкиот Црвен крст учествуваат на традиционалната крводарителска акција по повод годишнината од одбележувањето на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Акцијата е во тек, ќе трае до 17 часот и се одржува во ДХО „Даре Џамбаз“, Скопје, додаде Пешовски.
Крводарителската акција е во организација на Црвениот крст на Град Скопје и општинските организации на Црвен крст во Скопје, а е насловена „За Скопје со љубов”.