Се менува азбестиот покрив во градинката „Росица“ во Ѓорче Петров

Од:

Објектот „Кокиче“ на Јавната општинска установа – детска градинка „Росица“, во општина Ѓорче Петров ќе добие комплетно нов лимен покрив.

Од општината соопштија дека зафатите за реализација на проектот се веќе во тек а се очекува да завршат кон почеток на август. Се работи за зафат вреден 2 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет со кој ќе биде заменет стариот азбест кров.

Инаку во објектот „Кокиче“ се сместени над 150 деца од предучилишна возраст.

Детската градинка „Росица“ е установа за деца од голем капацитет со постоечки шест објекти во општина Ѓорче Петров: „Калинка“, „Детелинка“, „Кокиче“, „Пампурче“, „Рипчиња“ и „Дексион“. Проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Росица“ изнесува 705 деца, а просечно згрижува од 1.000 до 1.200 деца месечно.

Би можело да ве интересира

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски