Претседателот на ОАД планира да ја изведе Венецуела пред Меѓународниот кривичен суд

Од:

Претседателот на Организацијата на американските држави Луис Алмарго изјави дека планира да ја изведе Венецуела пред Меѓународниот кривичен суд, јави ДПА.

Алмагро, му дал задача на Луис Морено Окампо, поранешен главен обвинител на Судот, да истражи дали има основа Венецуела да биде обвинета за злосторства против човештвото.

Окампо, кој е Аргентинец, планира да организира јавни сослушувања во 35-члената ОАД со учество на жртви, експерти и венецуелската Влада.

На заедничката прес-конференција со Алмагро тој изјави дека ќе биде непристрасен и прецизира дека барањето за обраќање до Меѓународниот кривичен суд е иницијатива на Алмагро, а не на ОАД.

– Случајот за да биде изведен пред судот, треба да има докази не само за тоа дека венецуелските власти извршувале злосторства, но и дека тие злосторства биле извршувани систематски, без претходни процеси или истраги, рече Окампо.

Венецуелскиот весник „Насионал“ објави дека во понеделникот околу 28 илјади Венецуелци ја преминале границата со Колумбија во регионот на североисточниот град Кукута. Според весникот мнозинството од нив одлучиле да ја напуштат татковината за да избегаат од големиот криминал, насилството и дефицитот на стоки.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот