Тринаесет мигранти се удавија откако им се превртел чамецот во Средоземното море

Од:

Тринаесет мигранти се удавија во Средоземното море, откако се превртел чамецот во кој се наоѓале. Меѓу загинатите има бремени жени и деца. Шпанската служба за спасување извести дека се спасени животите на 167 мигранти.

Невладината организација Proactiva Open Arms соопшти дека меѓу спасените мигранти има 121 маж, 40 жени и шест деца, кои се пронајдени 24 километри северно од либискиот град Сабрат.
Во одвоена спасувачка акција, невладината организација Save the Children спасила 90 мигранти кои се наоѓале во мал брод.

Над 2.200 мигранти ги загубија животите од почетокот на годинава при обид преку Средоземното море да стасаат во Европа, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски