Во Велес изминатиот викенд 60 сообраќајни прекршоци

Од:

Вкупно 60 сообраќајни прекршоци, од кои најчесто неносење заштитен шлем и управување без возачка дозвола констатирала викендов Полициската станица за Безбедност на патниот сообраќај Велес.

Преземени биле засилени контроли на возачите на мопеди и моторцикли. За неносење заштитен шлем е предвидено глоба во износ од 50 евра.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека во текот на викендот биле констатирани и три прекршоци против возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол, кои се исклучени од сообраќај.

– Во текот на викендот постапено е по пријава од граѓанин за лице кои управувало „БМВ“ на регионален патен правец Штип- Велес и се движело неконтролирано, што претставувало опасност по останатите учесници во сообраќајот. Од сообраќајна контрола на даден знак да застане, возачот не ја почитувал наредбата, односно не застанал и се дал во бегство. Возилото е пресретнато и застанато и при извршената контрола е констатирано дека возачот го управува возилото под дејство на алкохол, без возачка дозвола и нерегистрирано, изјави Додевски.

Лицето е исклучено од сообраќај за да не ги доведе во опасност останатите учесници во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски