Кривична пријава против член на УО и акцонери во „Машинопромет“

Од:

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против П.П. (49) и Г.П. (47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.

Како што соопшти МВР, од 2014 до 2017 година П.П., како член на управен одбор, заедно со Г.П., во својство на акционери во Машинопромет АД Скопје, изготвувале невистинити менаџерски договори на високи парични износи. Севкупната архивска документација на правното лице Машинопромет АД Скопје од траен и времен карактер, печати и штембили и друга деловна документација, иако биле должни по завршување на нивните својства во органите на управување на Машинопромет АД Скопје, да ги предадат на новите органи на управување, ги изнеле од просториите на Машинопромет АД Скопје и ги одложиле на две локации во Скопје. Потоа продолжиле да изготвуваат исправи со невистинита содржина кои ги архивирале во деловодните книги.

Фалсификуваните деловни документи ги пуштале во правен промет со цел да остварат противправна имотна корист за себе. Исто така, во февруари 2016 година, со невистинита документација изготвена на истиот начин, пријавените пред Основен суд Скопје 2, поднеле предлог за поведување стечајна постапка над Машинопромет АД Скопје, невистинито прикажувајќи дека наведеното правно лице е должник на правно лице Дион-Ра ДООЕЛ Скопје, кое е во нивна сопственост, со побарување на износ од 32.944.361 денари.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници