Две разбојништва во Скопје

Од:

Дваесет и деветгодишен скопјанец Д.П. вчера во 12.45 часот бил нападнат и ограбен од непознат сторител на улицата „Аминта Трети“ во Центар.

Како што соопшти МВР, Д.П. бил со другар кога од патничко возило „ауди А6“ излегло непознато лице и почнало да го навредува и да му се заканува.

Потоа им се приближило друго непознато лице кое, исто така, им се заканувало. Набргу на улицата се паркирало возило „мерцедес“ од кое излегле три непознати лица кои физички го нападнале Д.П. удирајќи го со тупаници и клоци. Се обиделе да го стават во багажникот на „мерцедесот“, а еден од сторителите му го одзел мобилниот телефон. Д.П. успеал да избега и го пријавил случајот во полиција која презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Вечерта во 21.30 часот, пак, на ул. „Пржино“ во Скопје три непознати лица извршиле разбојништво над Е.С. (21). Сторителите му се доближиле и му се претставиле како полициски службеници од единицата „Алфи“. Му побарале на Е.С. лична карта и ранецот што го носел, по што од паричникот му одзеле 3.000 денари и личната карта. Потоа физички го нападнале удирајќи го по главата и телото и го напуштиле местото. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он