Земан: Авторитарните режими имаат подобри услови за проекти

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека земјите со авторитарни режими објективно имаат подобри услови за долгорочни проекти од парламентарната демократија.

Како пример за такви проекти Земан ги наведе брзите шини меѓу Кина и Европа.

Во парламентарната демократија такви проекти, според него, се врзани за изборните цуклуси.

– Ако проектите треба да траат 15 години, политичарите се премислуваат дали да ги поддржат, бидејќи од тоа корист ќе имаат само нивните наследници. Во авторитарните режими, каде лидерите се на власт, 10, 15 или понекогаш дури и 20 години такви препреки не постојат, изјави вчера Земан во интервју за радио станицата „Радиожурнал“.

Земан оцени дека терминот авторитарен режим не е грд збор, ниту пофалба, туку објективна независна констатација.

Тој додаде дека такви режими постојат во Кина, Русија или Централна Азија.

– Ако патувате во тие земји и имате добри односи со политичарите, можете да влијаете на многу работи, истакна Земан.

Тој нагласи дека тоа е главната причина што патува во тие земји, додавајќи дека тоа го прави во интерес на чешката економија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница